Порториканската репрезентативка и одбојкарка на турскиот тим Нилуфер Беледиеспор, Викторија Пилар е пронајдена мртва во својот стан.
Се уште не се знае точната причина за смртта, а обвинителството презело мерки.
Оваа 29-годишна позната одбојкарка утрово не се појавила на тренинг, па менаџерката на клубот отишла да провери бидејќи не одговарала на повиците.
Во станот го пронашла телото на несреќната одбојкарка.
Пилар, родена 1995 година, минатата сезона се пресели во турскиот клуб од францускиот тим Безија. Таа беше стандардна репрезентативка на Порторико.
Ништо не го навестуваше трагичниот исход, бидејќи само ден претходно на социјалните мрежи се огласи Викторија, споделувајќи фотографии од тренинг каде е расположена.