Семејството на поранешната актерка на популарната серија „Соседи“, Миранда Фрајер, го чека вештачењето за причината за нејзината смрт, откако таа ненадејно почина на 34-годишна возраст.

Позната по улогата на Скај Мангел кога била дете, Фрајер починала во сон минатиот четврток во нејзиниот дом во Глен Ајрис, Мелбурн, потврди нејзиното семејство за австралиските медиуми.

Причината за смртта не е утврдена, но нејзиното семејство соопшти дека имала срцева болест.

Фрајер се омажи со својот вереник Артур Потитис во ноември 2020 година на церемонија на плажа и со нетрпение чекаше да основа семејство.