Артемис Териаки почина во раните утрински часови денеска, пред новогодишната ноќ, на само 37-годишна возраст од леукемија. Таа била на лекување во болница.
Териаки е родена на 14 октомври 1986 година во Патрас, таа беше спортистка на Пелопа Патра и започна со кревање тегови во 2002 година.
Беше многукратен шампион на Грција и рекордер, воедно и репрезентативка.
Всушност, како што пишува весникот „Пелопонисос“, пред околу еден месец од рак починала и нејзината мајка.