Кога ќе умре добар човек, многу луѓе тагуваат по него. А за Алдин Субашиќ, здравствен работник од Сараево, кој почина на 26 септември на 40-годишна возраст, судејќи по сликите, снимките и видеата, тагува целата населба.
Субашиќ, кој работеше во сараевскиот Здравствен дом „Омер Маслиќ“, денеска беше погребан на сараевските гробишта Влаково. Почина ненадејно, од срцев удар.
Зад него остави две малолетни деца и неговата сопруга. Крајно тажно, пријателите и семејството на социјалните мрежи се збогуваат со прерано изгубениот Субашиќ. Колегите се неутешни откако дознале дека тој починал.
„Исклучителен човек кој несебично им се предаде на болните, човек кој ги „покрена“ од мртвите тешко болните, кому безрезервно му веруваа, кого го сакаа и го пречекуваа со радост“, „Чест ми е што ја познавав оваа добра душа и крајно сум тажен што прерано замина.“, „Прекрасна душа, неговата насмевка ја пленеше секоја куќа во која влегуваше. Нека милиот Бог му подари убав рај и сите рајски убавини, а сочувство до семејството што трпат преголема болка за еден прекрасен човек. Ви благодариме за сета љубезност што ја дававте кон пациентите при секоја посета“, се само дел од коментарите.
Неговите колеги со поворка го придружуваа до вечното почивалиште Зборовите на пациентите и колегите за време на збогувањето, особено болат.
– Добар мој докторе, нека ти е вечен мир. Срцето ми е тажно, но направивте многу добрини.“, „Ќе се сеќавам на неговите зборови кога работевме заедно: „Не грижи се, ќе завршам се и се ќе биде добро“. Самопожртвуван на работа, секогаш насмеан, добар колега и голем човек. Ќе ни недостигате… Искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите.“, „Секогаш насмеан, дарежлив, вреден, им помогна на многумина, вклучително и мене. Тој секогаш ќе биде запаметен со задоволство. Кога сите паѓавме од корона, не крена со топли зборови и срце. Нека ти е лесна земјата“, се само дел од топлите зборови што ги оставија колегите и пациентите кои со задоволство го паметат.
Денеска по пладне, во знак на почит на прерано починатиот Субашиќ, голем број колеги, но и граѓани ја направија најтажната колона возила, со што му го упатија последниот поздрав пред погребот.