Димитрије Ѓ. (41), поранешен припадник на 63. падобранска бригада на Војската на Србија, загина во страшна несреќа на својот мотор, само неколку моменти откако се приближил да им помогне на учесниците во несреќата.
Несреќата се случила на патот Раља-Смедерево вчера околу 18 часот.
– Мотоциклистот видел две излетани возила на патот, па се свртел и им пришол на луѓето да им понуди помош. Дошол кај нив, видел дека се оштетени два автомобили, учтиво ги прашал дали им треба превоз или како поинаку може да им помогне. Му се заблагодарија и рекоа дека сите се неповредени, а автомобилот е оштетен, вели извор за српските медиуми и додава:
– Димитрије Ѓ. разговарал со нив и почнал да прави полукружно вртење за да се врати на патот за Смедерево. Меѓутоа, додека вртел, удрил во автомобилот и паднал. Очевидците веднаш повикале брза помош, која го префрлила во Општата болница во Смедерево, но таму за жал починал.
Како што објаснува изворот, Димитрије Ѓ. е од Белград, а моментално бил вработен во странска амбасада како обезбедување.