Поранешниот градоначалник на општина Братунац (Република Српска, БиХ), Срѓан Ранкиќ, ненадејно почина синоќа во Белград како последица на срцев удар на 47-годишна возраст.
Неговите пријатели на социјалните мрежи се збогуваат со Ранкиќ, а тој зад себе ги остави сопругата Дијана, ќерката Анастасија и синот Алексеј.
Претседателката на Народниот фронт (НФ), Јелена Тривиќ напиша дека Ранкиќ го запознала во 2022 година, тој бил ведар и весел, секогаш расположен и подготвен за работа и акција.
Таа додава дека нема зборови со кои може да се опише колку оваа тажна вест влијаела на неа, но и на другите нејзини колеги од НФ, чиј член бил Ранкиќ.
“Замина добар човек, човечиште. Не сакам да верувам, но морам. Нека почива во мир, Господ да му даде на семејството колку што е можно повеќе сила и утеха. Почивај во мир пријателе”, порача Тривиќ.