Американката Џеси Џејн, ѕвездата на филмовите за возрасни, почина на 43-годишна возраст, објави ТМЗ. Порно актерката родена во Тексас, која се прослави во 2000-тите, наводно била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Мур, Оклахома, покрај нејзиното момче, Брет Хасенмулер.
Сè уште не е јасно кога точно починал парот, а се шпекулира дека причината за смртта е предозирање. Конечните резултати од истрагата на медицинскиот преглед на државата Оклахома се уште се чекаат.
Џејн се прослави во порно индустријата пред повеќе од 20 години, а првиот голем договор го потпиша во 2002 година со компанијата Digital Playground.