Ученик (17) на влезот на стручниот институт Енаип во Вареш со нож избодел во грб 57-годишна наставничка.
Таа веднаш била пренесена во болница каде и била оперирана и е надвор од животна опасност.
Според извештаите, ученикот го донел оружјето од дома.
Настанот се случил утрово околу 8 часот. Се уште не е познат мотивот за нападот.