Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце се разделија. По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно. Орце и Ирена Спасовска, парот кој во македонската јавност важеше за еден од оние кои имаат најстабилна врска.

Медиумите шпекулираа во врска со нивната разделба, но пред извесно време Орце искрено проговори и рече дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило.

– Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката, изјавил Орце.

По изјавата на Орце и неговата страна на приказната, треба да се слушне и другата страна, естрадниот магазин Бекстејџ го направи баш тоа, ги побара одговорите од Ирена.

-Многу жени немаат храброст да прекинат една врска, кои што не се чувствуваат удобно во истата, но јас ја имав таа храброст, и мене во тој момент ми беше битна среќата. Но сега кога сето тоа повторно се бранува без потреба, решив да ставам крај на сите тие небулози и невистини со тоа штп убаво ја објаснив ситуацијата, вели Спасовска.

Што е тоа што го прочитавте, а најмногу ве има повредено?

-Па највеќе, не дека ме повреди, но ми беше малку чудно како што кажав во 21 век да се зборува за растурање за нечиј брак. Јас мислам дека секој што е во брак треба самиот да си го чува бракот. Јас сум била слободна и не сум растурила ничиј брак. Тоа била изјава најверојатно пред 3-4 години, можеби и повеќе. Актуелна е затоа што некои портали, свесно ја повторија таа вест, можеби немале во текот на денот што да објават друго и го објавиле истото од пред 4 години. А дали е тоа така кажано или не, не знам. Нема вистина во тоа дека била вмешана трета или четврта личност…

Кој кого остави, ама искрено?

-Па види, јас го остави. Нели, кога ќе заврши љубовта мислам дека нема веќе потреба да се биде во врска. Бев многу чесна, многу искрена, за разлика од некој кој што жиеат во брак од интерес, за пари, за деца, за статус во општеството и сето тоа. Јас како личност која имам своја работа, значи знам да се грижам за себе и за мојата ќерка не ми треба тој статус. ОДлучив да бидам слободна, да се посветам повеќе на работата и нели многу-многу да не мрчиме по дома, туку секој да си го гледа својот пат…