Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Спасувачките тимови и локалната заедница каде што живееле биле длабоко потресени од оваа вест поради трагедијата и примерот за тоа како љубовта е најсилната емоција што човек може да ја почувствува.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.