Градежни работници кои реновирале паб во Велика Британија се згрозиле откако пронашле тело на маж во замрзнувачот. Рој Бигс исчезнал кога имал 67 години, постои сомневање дека токму неговите останки биле пронајдени во замрзнувачот, што би значело дека телото било таму 10 години.

Британската полиција сега апелира до сите кои го познавале Рој, кој исчезна на 1-ви февруари 2012 година од Њухам, во источен Лондон, да се јават, пишува британски Мирор.

Надлежните објавија фотографии и рекоа дека обдукцијата не е конечна, туку дека е лицето идентификувано врз основа на стоматолошка документација.

– Мислиме дека телото на Рој можеби било во замрзнувач веќе неколку години. Разговорот со луѓе кои го познавале ќе ни помогне да го одредиме не само неговиот начин на живот и навиките, туку и кога последен пат бил виден. Ако го знаевте Рој, ве молиме известете не’, соопштија од полицијата.

Од таму нагласуваат дека неговиот датум на раѓање е 8-ми септември 1944 година и изразија верување дека имал околу 70 години кога починал.

– Не е важно дали поминало долго време откако го познавате, или ако сте го познавале само накратко, секоја информација може да биде голема важност за нашето истражување, изјави главниот инспектор Кели Ален од Специјалната команда за криминал.