Исидора Бјелица имаше само 53 години кога почина од рак. Пред тоа, таа јавно проговори за оваа болест со која се бореше како лавица.

Откако Светската здравствена организација објави дека колбасите, сланината и другите месни производи се канцерогени, Исидора тие денови ги објави овие зборови на социјалните мрежи:

„Не јадев колбаси или сланина, ниту пушев цигари, ниту пиев алкохол… Тагата е најканцерогена, ја имав во галони…“

Писателката со години се бореше со ракот, а замина на лекување и во Швајцарија.

“Ракот е најлошата спонзоруша, троши без да престане. Живееме во страшно време, кога немаш пари за лекување – умираш. Бев на работ да умрам тивко, не признавајќи дека после две ипол години повеќе години немам пари за лекување, но потоа сфатив дека немам право на тоа поради децата…“ изјави еднаш Исидора.

Деновиве на социјалните мрежи нејзините деца Вила и Лав споделија емотивни пораки упатени до нивната покојна мајка:

Во 2012 година, на Исидора и беше дијагностициран рак, поради кој и беа отстранети, јајниците, матката и стомачната марамица. Покрај страшната болка, таа морала да се бори и со психата бидејќи ракот го смета за „елегантно самоубиство“. Болеста ја принудила да продаде околу 3.000 ретки книги за да плати за лекување во странство. Иако во кревка здравствена состојба, таа била принудена да работи, поради што болеста неколку пати се враќала.

Во 2015 година пејачот Владо Георгиев одржа хуманитарен концерт за да собере средства Исидора да оди на терапија во Швајцарија. Од тој момент многу познати личности и понудија помош, а некои од нив се Јелена Карлеуша, Александар Шапиќ, Светлана Ражнатовиќ, Милица Дабовиќ, Огњен Амиџиќ, Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ итн. Писателката ја доживеала болеста како искушение што и помага да стане подобра личност секој ден.