Целиот свет е во шок по денешната утринска инвазија на руската војска кон Украина и нападите кон главниот град Киев. Запрашан за можните сценарија, новинарот Мирче Адамчевски во гостувањето во ТВ 24 само кратко порача:
„Не дај Боже ако Русија и НАТО се судрат. Ако се случи такво нешто, ќе го снема светот. Со оглед на оружјето кое го поседуваат, прашање е дали и една милијарда луѓе ќе преживеат евентуален нуклеарен напад“, кратко рече Адамчевски.