Телото на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ се уште е во мртовечницата во Тузла и до ден денес никој не поднел барање за превземање! Ова за Аваз го потврди директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ.
Телото на Сулејмановиќ, кој на 11 август ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и се` пренесе на Инстаграм, е во фрижидер повеќе од еден месец. Монструмот потоа уби двајца турски државјани и рани три лица.
Зехрудин Хасиќ, началникот на полициската управа Градачац, неодамна беше разрешен поради тројното убиство, со одлука на полицискиот комесар на полициската управа Џевад Корман. По разрешувањето Хасиќ бил преместен на друга функција во МВР на Тузланскиот кантон.
Разрешен е и неговиот заменик. На местото на Хасиќ беше назначен командантот на полициската управа во Сребреник, Един Кариќ. Како што дознава Аваз, промената настанала поради одредени проверки кои се вршеле во врска со Сулејмановиќ. Претходно беше суспендирана полицајката Џенана С., а против неа е поведена дисциплинска постапка.
Аваз носи и нови детали од истрагата. Во моментот кога беше објавена веста дека налудничавиот убиец се самоубил, ќерката на началникот Хасиќ на социјалните мрежи објави фотографија со убиецот со порака:
– Ова беше нашето последно кафе.
Над фотографијата е порака на арапски.
– На Бог му припаѓаме и нему му се враќаме – напишала ќерката на началникот. Ќерката на Хасиќ наводно била добра пријателка со Сулејмановиќ.