После раскинувањето на долга врска, многу момци, а и девојки се опседнати со тоа дека на својата поранешна љубов треба да и остават одреден впечаток – најчесто дека во животот им оди одлично.

Таков мотив, судејќи по раскажаното, имал и поранешното момче на една аптекарка, чија кратка исповед кружи по интернет.

„Поранешното момче доаѓа секој ден да купува кондоми, иако не излегуваме веќе една година.“ – вели аптекарката.

Нејзиното поранешно момче очигледно сака таа да знае дека и после нејзе има редовни и чести сек*уални односи, што е навистина бедно, како што и таа оценува, без оглед дали е вистинито или не.

Од друга страна, можно е да сака да и испрати некој друг сигнал, порака, која таа не е во состојба да ја разбере. За што станува збор, оставаме на вашата фантазија.