Франческо Тоти (46), еден од најпознатите италијански фудбалери во историјата и вистинска икона на „римската волчица“, за италијанските медиуми откри некои детали од неговиот приватен живот, најмногу оние поврзани со разводот со долгогодишната сопруга Илари Блази.

„Принцот од Рим“ и манекенката ја прекинаа врската по повеќе од 20 години, од кои 17 поминаа во брак и добија три деца Шанел, Кристијано и Изабел.

– Поради коронавирусот го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон, што никогаш претходно не го направив, и ги најдов пораките. Не можев да спијам повеќе, ништо не беше исто – откри Италијанецот и продолжи:

– Мојата сопруга кога најмногу ми требаше ја немаше. Ми дојдоа гласини „Слушај, Илари има друг“. Во реалноста, таа имаше повеќе од еден. Никогаш не сме си го правеле тоа еден на друг 20 години, а потоа почнаа да доаѓаат предупредувања од различни луѓе на кои им верувам. Еднаш погледнав во нејзиниот мобилен телефон и видов порака на која пишуваше „Се гледаме во хотелот“.

По нивното раскинување, медиумите објавија дека и Тоти одвреме-навреме ја изневерувал сопругата, но тој тоа негира. Дури подоцна се запознал со Ноеми Боки.

– Имаше многу гласини дека сме се изневерувале, но тоа не е точно. Сега ќе ви докажам. Факт е дека паднав во депресија… Се преправав дека се е во ред, но тоа не бев јас. Излегов од таа состојба благодарение на Ноеми.