Пејачката и поранешна учесничка во регионалните шоуа Каја Остојиќ (39) не се двоуми да ги покаже своите облини на социјалните мрежи и на јавните настапи. Сега таа на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои ја гледаме во минијатурен костим за капење.

Веруваме дека малку жени би се одлучиле за ваков костим за капење, додека Каја гордо позирала на јахта во Кан. Очекувано, имаше многу коментари под оваа нејзина објава.

„Гориш“, „Убавица“, „Најубава на естрадата“, „Исто како да си гола“, се дел од пораките што пејачката ги добила од своите фанови.

Каја на споменатата мрежа ја следат над 300.000 луѓе, додека на своите следбеници им покажа дека пред Франција била на хрватското приморје каде уживала. Таа неодамна беше на одмор на Ибица со нејзината ќерка Николина.

– Прекрасно си поминавме на Ибица, се одморивме и излегувавме. На Ибица отидов со идеална тежина, а се вратив потешка четири килограми. Проводот беше феноменален, јадевме ноќе – изјави неодамна Каја низ насмевка за „Блиц“.