Филипинската кошаркарска асоцијација реши да отпочне експеримент во својата национален куп, а тоа придонесе да видиме историски момент во овој спорт.
Светските експертите доста често знаат да дадат предлози за воведување на „четворка“ за да се внесе уште поголема возбуда во кошарката, но тоа што беше давано како совет, сега се оствари и на дело.
Филипинците решија да воведат „четворка“ и да подвлечат нова линија на своите терени, според која границата за четири поени е поместена на 8.20.
Линијата за три поени останува на 6,75 во Купт на Филипини, но новитетот кој се воведува со „четворката“ сигурно ќе ги замисли и одговорните лица на ФИБА, но и оние во НБА лигата.
Крис Банкеро ја имаше честа да ја постигна првата „четворка“ во историјата на кошарката, па сега само времето ќе покаже дали ова ќе ја промени и традицијата на оваа игра.
The first EVER 4-point shot 🤯
Chris Banchero with the first 4-point shot in the PBA Season 49 Governors’ Cup!pic.twitter.com/c2GQ89Ayfe
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 18, 2024