Италијанските метеоролози потврдија дека Италија во наредните денови ќе ја погоди циклон кој ќе донесе драстично пониски температури и кој ќе го продолжи својот „пат“ кон Балканот.

Според Ilmeteo.it, над Италија во следните неколку дена повторно ќе се формира суперќелија, која ќе ја покаже својата сила особено во петок, 4 август.

Циклонот наречен „Circe“ ќе започне од областа на Ломбардиските Алпи, но потоа ќе се прошири во североисточниот италијански регион Тривенето“, напишаа тие. Нагласено е дека на ова подрачје постои голема веројатност за појава на град и силен ветер и до 100 км/ч.

“Циклонот ќе придонесе за пад на температурата за најмалку 10 степени. На некој начин времето повеќе ќе наликува на есен отколку на лето. Многу ретко се забележани вакви развиени и длабоки нарушувања кон крајот на јули или почетокот на август. Овој атлантски фронт ќе фостигне дури и до Тунис, движењето е далеку на југ и ќе ја покрие повеќе или помалку цела Италија“, објаснија метеоролозите.

Според проценките, циклонот треба да почне да се движи кон Балканот во петок навечер.

„Од вечерта, пак, со движење на циклонот кон Балканот, се уште не очекуваат силни грмежи на целиот Јадрански појас и на југ, со постепено слабеење на север“, се наведува во извештајот.