Српскиот пејач Бојан Томовиќ итно е хоспитализиран откако во исто време консумирал алкохол и дрога.
Пејачот Бојан Томовиќ пред неколку дена се затрул со лекови за биполарно растројство со кое се бори со години, а конзумирал и алкохол и апчиња против болки, по што итно реагирала итната помош.
Лекарите од итната помош го вратиле пејачот во живот со адреналински инјекции, а со оглед на тоа дека има биполарно растројство, постои сомневање дека на овој начин сакал да си го одземе животот, иако тврди дека тоа не му била намерата:
– На 8 март пеев заедно со тамбураши во ресторан во Сомбор и толку се опијанив и покрај антиалкохолистичкиот блокатор што го имам, што брзата помош едвај ме врати во живот. Буквално се отрув со есперал, ракија и лекови за „биполарно“ и болки и потоа со адреналин ме вратија во живот. Сега морам повторно да одам на психијатрија, бидејќи поради мојата примарна дијагноза, биполарно растројство, ова се третира како обид за самоубиство, иако навистина не мислев така. Ме понесе атмосферата, испив уште малку и за малку „чао“ – изјави пејачот и додаде дека ваквиот развој на ситуацијата не го изненадил:
– Што да правам, не работам во аптека туку во кафеана, со месеци не пиев алокохол, па како што се вратив на свирки, се вратив и на алкохол, иако за нас биполарните е утврдено дека најмногу сме склони кон злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци – изјавил Бојан за „Република“.