Една од најпознатите српски водителки Снежана Дакиќ вечерва пристигнала во Ургентниот центар во Белград со повреди на главата, а дијагнозата е во тек.
Како што објавуваат српските медиуми, познатата водителка била погодена со камен во главата.
Иако со години успешно се занимава со водителство, Снежана Дакиќ неодамна реши да ја промени професијата.
Откако во шестата деценија покажа витка линија на Инстаграм, водителката призна дека се посветила на усовршување во други професии, како и дека најмногу се фокусирала на „лајфкоучинг“ со кој планира да се занимава.