Иван од Србија се заљубил во девојка која ја запознал во Грција. Чувствата биле силни и тој не можел да ја заборави, па посакал да ја види и да ја посети во земјата од каде таа доаѓала. И Иван тргнал на пат, но сепак не се виделе бидејќи се збунил во која земја живеела девојката!
Овој настан го опиша на Тик Ток, а неговото видео предизвика бура од реакции кај луѓето кои се смееја и се чудеа во исто време.
– Со месеци во 2016 година се допишував со девојка од Литванија која ја запознав во Грција, па решив да одлетам и да ја изненадам. И кога слетав, напишав: „Дојди на плоштад во 19 часот“. Таа не се појави… Но, затоа што таа била од Летонија, а не од Литванија. Промашив цела држава! – го опиша овој настан и додаде дека таму сепај поминал два убави дена.
– Градот е убав – напиша тој и ги прикачи фотографиите.
Сепак, на внимателното око на еден од следбениците не беше пропуштен фактот дека фотографиите се направени во Рига, главниот град на Летонија, односно Латвија, но не Литванија
– Повторно погрешив. Рига е во Летонија – вели Иван во коментарите, објаснувајќи дека ппо грешка отишол во Летонија, а девојката била од Литванија.
Во коментарите луѓето се шегуваа дека е се исто.
– Летонија – Литванија како Краљево, Крушевац, Крагуевац…
Некои коментираа дека за среќа не ги помешал Австрија и Австралија.
– Да, и јас би се насмеал. Тогаш не, но сега ми е смешно – одговори Иван.
Имаше и такви кои се интересираа дали овој пар се сретнал на крајот.
– Дали се сретнавте на крајот? – прашаа неколкумина, но нивното прашање засега остана неодговорено. Меѓутоа, со оглед на тоа што Иван до ден-денес не прави разлика меѓу овие земји, можеше со одредена сигурност да се заклучи дека оваа љубовна приказна немала најсреќен крај.