Опасен инцидент се случи денеска додека српскиот претседател Александар Вучиќ со службено возило патувал кон Мокрин.

– За малку беше избегната трагедија кога возилото во кое се превезуваше претседателот очигледно удрило во одредена пречка на патот, предизвикувајќи лизгање и пад на тркалото, објавуваат српските медиуми.

Со оглед на фактот дека во возилото бил претседателот на државата, важно е да се спроведе сеопфатна истрага за овој опасен инцидент, додаваат тие.

Органите на редот излегоа на местото на настанот и истрагата е во тек.

Инцидентот се случил на патот, додека претседателот патувал од една до друга локација за време на неговата обиколка на Банат.