Шестчлено семејство се затруло со јаглерод моноксид во неделата вечерта околу 23 часот во куќа во близина на Вараждин, извести полицијата. Труењето на семејството настанало поради враќање на јаглерод моноксид во просторијата, поради неисправен оџак и плински котел, објавија хрватските медиуми.

Тогаш во куќата имало шест членови на семејството, а сите од екипа на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Вараждин, каде што се задржани на лекување.

На местото на настанот излегле пожарникари од противпожарната служба Вараждин, кои при нивната интервенција во бањата од куќата каде што се наоѓа плинскиот котел измериле зголемена концентрација на јаглерод моноксид, поради што го затвориле доводот на гас и ја проветриле целата куќа.

На местото на настанот излегле и вработени во претпријатието за снабдување со гас, кои извршиле тестирање на плинската инсталација во куќата.