Вистинска драма се случила на пешачката патека кај Студенчишта, каде параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи, за малку ќе повредел мајка и дете кои мирно се движеле по патеката.
Според видеото кое го објавуваме, параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, директно над луѓето кои се шетале покрај езерото.
Во еден момент, тој за влакно ја промашува мајката која била со своето дете, се гледаат други деца кои уплашено бегаат по што удира во столб за улично осветлување и целосно го оштетува и повторно само за влакно тој заедно со металниот столб не падна врз стари лица кои се движат со бастун.
На снимката јасно се слуша врисокот на исплашената мајка, која во последен момент успева да избегне трагедија. Само среќата спречила овој инцидент да заврши со сериозни последици, повреди или, не дај Боже, човечка жртва.

