Израел изврши директен напад врз објектите на иранската радио и телевизија денеска попладне, кратко откако издаде наредба за евакуација на жителите на голема област во Техеран.

Се слушна гласна експлозија додека водителка, Сахар Емами , беше во етер во живо и го критикуваше Израел.

По експлозијата, таа беше принудена да го напушти студиото додека камерата ја „фати“ прашината и малтерот што паднаа по експлозијата. Се слуша и глас како вели „Алаху Акбар“.

Емами, мајка на две деца, е една од најпознатите презентерки во земјата. „Слушајте! Ова е звукот на напаѓачот, го слушате напаѓачот како ја напаѓа вистината“, велеше таа во моментот на експлозијата.

Кратко време подоцна се врати на презентацијата.

Иранските медиуми објавија дека неколку вработени во радиодифузерот биле убиени во нападот.

Сè уште не е познато колкава штета е нанесена на зградата. Фотографиите на социјалните мрежи ја покажуваат зградата на радиодифузерот како гори.