Казахстан, земја која важи за еден од најблиските сојузници на Русија, го одби барањето да испрати воени трупи како дел од инвазијата на Украина, објавија казахстански функционери, пренесе NBC.

Освен тоа, поранешната советска република изјави дека не ја признава независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск, кои рускиот претседател Владимир Путин ги призна пред неколку дена.

NBC пишува дека ова е „изненадувачки потег на традиционалниот сојузник на Русија“, а потегот е поддржан од САД.

„Ја поздравуваме најавата на Казахстан дека нема да ги признаат републиките“ стои во соопштението на Советот за национална безбедност. „Исто така, го поздравуваме одбивањето на Казахстан да испрати свои воени сили да се придружат на војната на Путин во Украина“.