На социјалната мрежа Инстаграм неодамна се појави фотографија која досега не е видена на тогаш младата пејачка Гоца Божиновска и Зоран Шијан, кој во тоа време беше првиот човек на „Сурџинците“, некогаш најдобро организиран криминален клан во Србија.
За нивната љубов многу се зборуваше, а после оваа фотографија коментарите уште повеќе не стивнуваат! Во тоа време, кога е направена фотографијата, Зоран Шијан ги маѓепсуваше дамите со неговиот изглед, што може и да се забележи.
Во мини шарени гаќички за капење, тој ги привлече погледите на многу дами, додека на оваа фотографија, малкумина ја забележуваат пејачката.
Ако ја погледнете подобро фотографијата, особено во пределот на шарените гаќички за капење на Шијан, можеби ќе ви стане и појасно зошто дамите не симнуваат поглед.
Инаку, Зоран Шијан како што споменавме, беше првиот човек на „Сурџинци“, некогаш најдобриот организиран криминален клан во Србија. Поранешниот репрезентативец во кикбокс, Зоран Шијан беше убиен на 27 ноември 1999 година, на 35-годишна возраст. На час и половина по полноќ, Шијан застанал со „Мерцедесот“ на семафор на аголот помеѓу улиците Немањинаа и Светозар Марковиќ во Белград, чекајќи да се вклучи зеленото светло. Возилото застанало од неговата лева страна, од кое убиецот испукал 18 истрели од автоматско оружје кон Шијан, погодувајќи го во главата и градите. Шијан починал на самото место.
Кој го ликвидираше Зоран Шијан?
Случајот со убиството на Зоран Шијан остана никогаш нерасветлен, иако беа спомнувани можните извршители, но никогаш и нарачателот.
Во јавноста малку се зборуваше за ликвидацијата на Шијан. Само сведокот Слободан Ресимиќ го обвини Никола Маљковиќ дека го убил Шијан пред 13 години на судењето на обвинетите за убиството на полицискиот генерал Бошко Буха, а тој заклучок го извлекол од тоа што „автомобилот што го возел“ бил виден на лице место. Потоа изјавил дека два дена по злосторството видел оштетување на автомобилот. Ресимиќ рече и дека Маљковиќ на прашањето дали го убил Шијан, тој низ насмевка и гримаса рекол: „Да, го сошив“. Ресимиќ со години не е во Србија, а наводно живее во Словенија.
Медиумите пишуваа и дека Ненад Илиќ или Главоња, поранешен член на „Црвените беретки“, на 3 април 2003 година во полиција изјавил дека Шијан е убиен од Милорад Улемек Легија.
Според овие наводи, Илиќ тврди дека во една прилика Бранко Берчек или Маќи, кој припаѓа на „црвените беретки“, му рекол дека Ненад Шаре ака Шкене, шефот на обезбедувањето на Улемек, рекол дека Легија го убил Шијан и дека Шкене бил со него кога го извршил убиството. Меѓутоа, мајката на Шијан, Милица изјавила дека нејзиниот син бил во добри односи со Легија. Таа претходно изјави дека нејзиниот син бил убиен од некој од врвот на власта.
Шијан е убиен на 27 ноември 1999 година околу 1.30 часот на аголот од улиците Немањина и Светозор Марковиќ во центарот на Белград, додека седел во својот „мерцедес 600“ и чекал зелено светло на семафорот. Во моментот кога мерцедесот застанал, автомобил влегол на другата лента до него.
Најдобрата другарка ми го растури животот!
Гоца Божиновска и извесна Горана биле првите сосетки и другарки се’ до 1996 година, кога нејзиниот сопруг Зоран Шијан ја напушти пејачката заради неа. Гоца потоа се преселила со двете деца, Мирко и Зоран, во Нови Београд, а три години подоцна, Горана на Зоран му го родила синот Вукашин.
„Таа жена го уништи моето семејство, целиот мој живот. Беше тешко, но јас не се враќам на старото. Решив дека повеќе не трошам време и нерви на непотребни работи. Изгубив толку многу драги и сакани луѓе што ми недостигаат така што некои работи не се толку болни колку што изгледаат. Можам само да кажам дека таа и јас не сме во кавга и дека сè е во ред со нас. Што се случило – се случило. И простив, но не заборавив“, вели Божиновска, за српски „Телеграф“.
Пејачката никогаш не им бранела на нејзините деца Мирко и Зорана да контактираат со вонбрачниот син на нивниот татко, Вукашин.
„Никогаш не им кажав на Зорана и Мирослав дека не треба да го видат, никогаш не реков ништо грдо против тоа дете. Дури и јас бев она кој им велеше дека треба да бидат со него во добри односи. Мирко е најмногу во контакт со него“ – објаснува Гоца.