Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на израелскиот премиер за неодамнешната скандалозна изјава на неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.
Следуваше бесна реакција на Израел. Шефот на дипломатијата на земјата изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел. Русија му се извини на Израел.
Според израелскиот новинар Барак Равид, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер, Владимир Путин денеска му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавата на Сергеј Лавров.