Безживотно женско тело е пронајдено вчера во еден од каналите на ХЕЦ „Перучица“ кај Капино поле во Црна Гора, а утрово е пронајдено и тело на маж.

Репортерот на „Дан“ извести дека се работи за лицата А.С. (14) и М.Д. (25). Возило Ауди А3 со плужински регистарски таблички е пронајдено до местото. Двете тела ги извлекол спасувачот нуркач Зоран Радовиќ.

– Во каналот најдовме женско тело на 14 години. Уште едно 25-годишно лице е пријавено за исчезнато. Полицијата и Службата за заштита и спасување интензивно трагаа по второто тело – изјави вчера за „Дан“ еден од учесниците во вечерашната потрага во каналот Зета.

Изворот на „Дан“ нагласи дека вчера биле пријавени две лица за исчезнати, едното на возраст од 14, а другото на 25-годишна возраст.