Горанчо Јованов од Сарај е добитник на главната награда „Volkswagen Polo“ од големата Наградна игра која во изминатата година беше организирана од Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“. Тој денеска беше извлечен во повтореното јавно извлекување, откако претходно на 21 декември беше поништено поради неправилности.

Јованчо е пресреќен на оваа убава награда која по еден час дојде со својот син да си го земе автомобилот и веднаш направија „неколку круга“ низ градот. Не можеше да ја крие радоста, ниту пак можноста веднаш со синот да се повозат. Тој е земјоделец и редовен корисник на горивата од „Бензоил“. Се надевал на некоја награда, но за автомобилот не.

Во финалното извлекување беа извлечени уште четири награди. Мотор Веспа доби Иљо Петровски од Струмица, лаптоп за Мики Митров од Струмица, велосипедот отиде кај Ангел Ѓоргев од Радовиш, а таблет доби Леон Рујков од Радовиш.

Во финалното извлекување учествуваа сите фискални сметки од над 1.000 денари за наточено гориво на било која Бензинска станица на „Бензоил“ во периодот од 1 февруари 2023 година до денеска 5 јануари 2024 година.

Од „БЕНЗОИЛ“ најавија дека веќе се подготвуваат за старт на нова голема Наградна игра, по четврти пат, која дополнително ќе ја најават, и повторно со главна награда автомобил.