Од крајот на Втората светска војна и бомбардирањето на Јапонија, оваа земја одлучи дека никогаш повеќе нема да дозволи нуклеарно оружје на нејзина територија. Но, поради моменталната ситуација во Украина, струјата во земјата која се залага за промени расте…

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе во телевизиско обраќање рече дека верува оти Јапонија треба да дозволи присуство на американска база за нуклеарно оружје на нејзина територија.

Тој додаде дека САД треба да и се закануваат на Кина со воена реакција доколку се осмели да се обиде да го освои Тајван, кој Кинезите не го признаваат како држава.