Снежана Лазаревиќ од Демир Капија пет месеци очајно трага по својот син Љубиша, кој е исчезнат од април годинава. Таа бара помош од надлежните органи, граѓаните, односно секој кој има било каква информација за нејзниот син.
„Јави ми се кај и да си дете, се уништив веќе. Јави ми се да знам дека си жив и здрав”, пишува мајката која вели дека слушнала многу гласини од тоа дека нејзниот син е надвор од Македонија или дека има изгубено помнење поради доживеана несреќа.
На официјалната страна на МВР, има шеесетина објави за исчезнати лица. Се трага по изчезнати деца, мажи, жени старци…
Некои од нив се исчезнати по неколку години, а за еден маж стои дека е исчезнат во 1999 година.