Хармоника ги скара Горан Алачки и неговиот зет за ќерка Игор Димовски и на површина испливаа нарушените семејни односи. Целата драма се одвива со Фејсбук статуси и преписки меѓи Алачки и неговиот зет за ќерката Грациела, кој на времето беше негов ученик.

Најпрво Горан Алачки со Фејсбук статус ја истакна веројатно разочараноста од синот Благој, кој, веројатно Горан очекувал да го замени во свирење хармоника, но тој се одлучил за гитара, но и фрустрираноста од зетот Горан, која со својот бенд „Пауза за ракија“ постигнува успеси.

-Оваа хармоника беше направена од Ремо Гуерини специјално за мојот син. За жал, отиде во рацете на мојот ученик и зет Игор Димовски од Драчево, напиша Горан Алачки.

На овој статус на Горан изреагира неговиот зет, Игор Димовски, кој вчера на Фејсбук напиша:

-На Гранде Горан Алачки му е жал што оваа хармоника од Ремо Гуерини ја купил поштено Игор од Драчево. Не сум љубител на овој тип статуси, но во име на вистината ред е мојата страна да ја кажам дури се исмејава некој на моја сметка. Да му беше жал и сакаше да ја чува и остане во фамилија не би требало да ја продава нели, не му дојде до тие пари, колекционер на поршиња е. Оваа хармоника беше ставена на оглас од лицето на кој тој ја продаде пред многу години, а јас ја купив со пари исто како што би ја купил и Трајче од Конопиште.

Не жали Горане, јас ја купив оваа хармоника и ја вратив назад во фамилија, ќе остане на некои од твоите внуци, внуци кои пораснаа, а сеуште не те ни знаат, не те знаат и запршај зошто не те знаат. Со ова нарушуваш мој углед, а исто и на сопственото дете, и ти свиреше по Скопските меани, песна систем не се роди на стадион и не туку глуми Мадона, на следна ваква провокација ке ги објавам сити негови гадости! Една од поблагите гадостите е кога доживеав тешка сообраќајка и имав пет проценти шанси да преживејам и бев речиси удавен во река, а тој после неколку дена ми рече ете “Господ те казни”, а јас па за возврат пробав да го помирам со фамилијата, иако е блокиран од родена керка со години.

Немојте да ме споменувате како зет на овој човек, овој човек мене ми дал занает и тоа точно, но за тој занает моите родители јаделе леб и сол во тоа време и го плаќале моето школување и сум се доградил со музичка академија на крајот, и сум паѓан на испити само поради што сум бил “зет” на Горан, овој човек мене не што не ми помогнал во животот само ми одмогнал со неговите превари и далавери, напиша Игор и додаде:

-Тие што ми пишувате главата горе, не се нервирај, не враќај не се спуштај на ниво и слично. Не сум воопшто нервозен, главата фала Богу горе ми е, а би морал да вратам баш поради тоа што и јас сум јавна личност и овие навреди и понижувања кон мене акумулираат повеќе од 10-15 години, ајде атер татко на жена, ајде атер фамилија, ама се си има граници. Не ме жалете добро се осеќам иако не сум на Малдиви, напиша Игор, мислејќи на тоа што Горан во моментов со неговата партнерка Марина е на одмор на овој рајски остров, нпиша Игор.

 

Горан и Андријана од бракот, кој пропадна пред повеќе години, ги имаат децата Грациела и Благој. Благоја замина по стапките на родителите, се определи за музиката и настапува низ локалите во Македонија, додека ќерката Грациела не се определи за музиката, се омажи за ученик на Алачки, Игор Димовски, која успешно свири хармонија и има настапи со својот бенд низ државата.