Познатиот фолк-пејач сподели тажна објава. Еден од нашите најпознати фолк-пејачи, Јордан Митев, на својот профил на Фејсбук сподели тажна објава.

Имено, тој сподели фотографија на која има запалена свеќа и црна позадина и му изрази сочувство на еден негов пријател.

Како што самиот напиша во пораката, станува збор за неговиот школски цимер и другар на кого му починала сопругата, па тој со емотивни зборови изрази сочувство до ужаленото семејство.

„Денес, тагувам заедно со мојот школски цимер и другар Тони Василев, по кратко боледување неговата сакана замина во царството небесно. Почивај во мир Надица. Сочувство до фамилијата…“, напиша Јордан во објавата што ја сподели на својот Фејсбук профил.