Застанувањето на градоначалничката Данела Арсовска рамо до рамо со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше доволна причина за во јавноста да има низа анализи и коментари. Меѓу многуте, со свој став излезе и политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци која смета дека коалицијата е овековечена со настанот кој се одржа во Сарај.
„Коалицијата СДСМ/ДУИ/Данела, за која се знае уште од лани, денеска, конечно е овековечена на јавна групна фотографија во Сарај. Им фали уште Груевски, но оправдано е отсутен уште од 2018“, напиша Ивановска-Јоци.
Таа сподели и фотографии.