Гоца Јанкуловска, која ужива невидена почит кај вмровското членство, направи потрес – 9 степени по Рихтер денеска.
До толку ги измести тектонски – и партии, и екс лидери, и членство, и провладини медиуми, и грујови ,,печурки”, и што не.
ℹ️ Сите бараат толкувања на фотографијава ко божем станува збор за вселенска програма.
А, толку е просто – среде војната меѓу Груевски и Мицкоски, му дава јавна поддршка на Мицкоски.
⚠️ Жената сепак лежи 4 години за ,,она на М”, нешто кое никогаш не било во нејзино владение и нејзина сопственост. Само затоа што на Груевски му се сони да се вози во скапа владина кола со ,,фул опрема” и разни играчки.
И имено, до денот на бегството, безочно ги лажеше и неа и Миле.
Со ниеден потег или муабет не покажал дека нешто друго планира, им глумел, ги манипулирал, а му беа најблиски и најлојални соработници. И ги остави на цедило!
Тоа се тие ,,добрини” за кои тртља Груевски.
Јас стварно не знам како има уште луѓе кои воопшто му ги читаат глупостите и лагите.
(ФБ статус на Јорданка Ивановска – Јоци)