Не, родителиве не сфаќаат дефинитивно ништо. И сакаат да веруваат и ќе продолжат да убедуваат како нивниот син е примерен, одел по теретани, пиел цедевита и се сменил, а колата е крива, сама развила 130 км на час.

Синов нивен, пред трагедијата со Фросина, фатен со ,,80 кеси амфетамин”, во два стана му нашле наркотици, кокаини и што не, цел систем на продажба на дилерство развил – овие уште сакаат да веруваат дека нивново дете било осудено затоа што пушел ,,трава”.

🔵 Уште ги минимизираат работите околу нивниот син и гледаат и овојпат да го спасат со патетични прикаски. Пушел марихуана, велат и ,,се променил после пресудата”⁉️
И уште додале, првпат пиел алкохол после долго време кобната вечер.
Неверојатни се двајцава!
Си живеат во некој свет кога синов им имал 7 години и таа слика си ја задржале.

ℹ️ А, од каде имено тоа го знаат, кога и колку алкохол пиел и земал наркотици, кога ништо не знаат за син им, очито! Немаат поим!

Од 16 години, кога првпат удира пешак па до негови сегашни 20 години, има сторено куп тешки кривични дела за еден човек на негови години, а тоа РОДИТЕЛИВЕ НА ПРЕСОТ НЕ УМЕАТ НИ ДА ГО ИЗУСТАТ, КАМОЛИ ДА ВЕРУВААТ

🟠 А, да.
Васил ја украл колата, вели татково кој 24 години работел во АРМ.
А, како тоа се краде толку лесно кола на потполковник во војска која треба да брани држава?