Таче никако да прифати дека е готово, капут, конец филма, па си се убедува дека ќе се врател на 8 мај.
ℹ️ Лошо е кога не се симнуваш ни до продавница по леб, не одиш по пазари, по молови, по бурек, по цигари – меѓу народ, па со тек на време почнуваш да веруваш во муабетите на оние кои се платени да ,,прелетуваат” 24/7 околу тебе и да ти кажуваат она што сакаш да чуеш.
– Ич да не ми се секирате премиере, ќе победите 100:0. Она вмровцине пропаѓаат, дали двајца ќе ги гласаат. Баш денеска чув во маркет 15 луѓе на каса како велат дека сте пренајбољи и групно ќе гласаат за СДСМ, 15 колена наназад – се слуша гласот на некоја владина секретарка Љиља преку видеофон.
ℹ️ Тоа е. Цел ден те возат шофери, бербери те шишаат и ти ја бричат главата во канцеларија, ти готват во влада, секретарки ти средуваат мејлови, покани, листи за пазарење по дома, жена ти и децата исто, те пеглаат службеници, други ти пишуваат што да кажеш – па си фантазираш дека тој комфор паднат од небо – ќе трае вечно.
Така е Таче. Ќе се вратиш на 8 мај.
Али у Куманово.
Ако те примат…
(ФБ статус на Јоци)