На Бокица УЈП му направил стрес, а Лазаров е убеден дека е чист. Трогателно, богами.

Патем, док двајцава мислеа ќе им ,,пројде” пошто нали они се во филм на ,,007 недопирливи”, сите други газди на приватни фирми во државава беа под уште појак стрес, пошто не можеа да сфатат зошто државата не реагира на најавите на Боки и Лазаров за диви наградни игри.

Еве, сега им помина стресот.

Притоа, двајцава ,,џемс бондој” уште дробат како тоа ,,гивавејот” не било ,,наградна игра”, а притоа на сите објави самите пишуваа и заблудуваа народ со – ,,ДЕЛИМЕ НАГРАДИ”.

🔴 Ај, по ред. Сите ние можеме да собереме канти коли од другари, да кажеме организираме наградни во дискотеки, да заблудиме 5.000 луѓе кои си бараат среќа и да купат наградни карти по 1000 денари (а, тоа се вкупно околу 80.000 евра) и на крај – да си ги поделиме колите на другарчиња, а парите меѓу себе.

🔵 Али, тоа може да се случи ако државата е хаос и анархија.
Во системски уредена држава со закони ова има друга дефиниција.
Кога се организира ваква ,,наградна игра” на диво, без увид од државата, без лиценци и платен данок на добивка, тоа се вика СОМНЕЖ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ.
А, богами не мала пара е во прашање.

Многу е просто.
❗️Само што двајцава ги измешале нешто лончињата – мислеле дека ќе направат едно интервју со премиер и потоа можат да си ,,ораат” без некој да им каже нешто, а народ нека си мисли дека ВМРО штити криминал.

Ахм, да. Ај, важи.
Мислеле дека #Христијан #Мицкоски е Муртињо и цело СДСМ полно со докажани глупантропи.

🟠 И конечно.
Никој не му го оспорува талентот на Лазаров. Тука муабетот е друг, дали ТАЛЕНТОВ почитува закони, знае што е фискална држава или сепак решил ,,грлом у јагоде” да учествува во прљави ствари заедно со осудениот му другар за рекет.

(ФБ СТАТУС НА ЈОРДАНКА ИВАНОВСКА – ЈОЦИ)