Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори на Алфа ТВ, оформен е предмет против Деспотовски за проневера на два милиони евра во развојните зони во Штип и Струмица.
Тој денеска доброволно дошол во судот и ја кажал својата одбрана. Од судот за Алфа потврдија дека на Деспотовски му е одземен пасошот на барање на обвинителството и тој ќе мора навреме да се јавува во Кривичен заради мерки на претпазливост.
Алфа го контактираше Деспотовски кој рече дека како поранешен директор на Фондот за иновации, па подоцна и како директор на ТИРЗ редовно соработува со институциите.
Вели дека неколкупати бил повикан на информативен разговор во врска со неговата работа, но тоа го смета за транспаретност од негова страна. Не спомена за што конкретно бил повикан во суд на последниот разговор.