Точно пет месеци по исчезнувањето на младото момче од Сплит, поточно по 139 дена се појави веста од која сите се плашеа – телото е пронајдено утрово во Дунав на Ада Хуја.

Гардеробата која била забележана на телото на младиот човек извлечено од реката, се поклопува со гардеробата што ја носел Матеј Периш ноќта кога му се губи секаква трага. На телото се исти патики, маица, темносини фармерки, сребрен часовник на раката и телефон во џеб.

Се чекаат резултатите од обдукцијата и ДНК анализата кои ќе ја покажат вистината.

Српската водителка на утринска програма Јована Јеремиќ ги откри морничавите детали за местото каде што е пронајден Периш.

– Интересно е местото каде што е пронајдено телото. Станува збор за место во близина на Ада Хуја, кое важи за проклето место. Ќе изнесам некои податоци што другите не ги изнесоа – рече Јована, па продолжи …

– Јасновидев, односно човек кој ја знае иднината, во емисија на Јутјуб изјави дека телото ќе биде пронајдено токму таму кај Ада Хуја, каде претходно загинаа тројца млади луѓе и тоа навистина се случи. Во таа прилика рече дека Матеј Периш паднал во вода и се удавил, значи не се работи за убиство, туку дека паднал во водата и се удавил и дека телото ќе биде пронајдено токму на тоа место. За сите детали од неговото пророштво ќе слушнете како дел од мојата утринска програма на Пинк за викендот, а дотогаш гледам дека реконструкцијата покажала дека Матеј Периш трчал низ градот повеќе од еден час, паднал во вода и се удавил и ека телото испливало по толку месеци на тоа место – открила Јована за „Информер“, па додала …

– Тоа место ми е интересно затоа бидејќи влече некаква историја на проклетство, која што треба да се истражи. Интересно е што таткото на Матеј Периш е ватерполист и рекол „Јас сум ватерполист и цел живот сум во вода. Нема шанси да пливаш на температура од 5 степени, дури ни во костум за нуркање, а камоли без него“. Мистеријата поврзана со исчезнувањето на Матеј Периш денеска дефинитивно заврши, за несреќа на неговото семејство, а самата структура и начин на кој е пронајдено телото покажува дека не се работи за убиство, како што многумина шпекулираа, се покажа дека момчето се удавило. Најверојатно бил под дејство на алкохол и некои други супстанци што ќе ги покажат наодите од обдукцијата, а мистеријата на тоа проклето место е она што е интересно – изјави водителката во емисијата „До коска со Јована Јеремиќ“.