Откако вечера во јавноста се појави информацијата дека 19 годишниот матурант Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина со свој коментар на социјалните мрежи излезе и проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. кој напиша:

-Тони Сали. Сиромашното момче од Шуто Оризари, на кое државата 10 години не сакаше да му издаде матичен, извод и здравствена книшка. И на крај го уби. А тој ѝ пркосеше, горделиво, со крената глава, како на сликава. И беше одличен ученик, со сите петки и награди од натпревари. Животот му беше насилно прекинат, како зборот “живот” на сликава, но ние никогаш да не го заборавиме. ТОНИ САЛИ. И поради неговата тажна судбина, но и како потсетник дека на Македонија не ѝ е гајле за сиромашните, ма колку и да се паметни. И дека полека, но сигурно, системски ги убива, напиша Јовановиќ.