Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко во интервју за Би-Би-Си апелираше до Западот да го „затвори небото над Украина“.
Таа рече дека Украина „ги цени строгите санкции“ што и се воведени на Русија од почетокот на инвазијата, но додаде дека на Украина „и треба уште посериозна помош“.
„Таа помош е затворање на небото над Украина“, рече таа.
На прашањето дали се согласува дека воведувањето зона на забранети летови, која би ја спроведувала НАТО, може дополнително да доведе до ескалација, таа рече дека зоната на забранети летови може да биде воведена преку коалициските земји кои граничат со Украина.
Таа, исто така, рече дека Советот за безбедност на ОН треба да испрати мировни сили во Украина, а сојузниците треба да ги испорачаат најновите системи за воздушна одбрана на Украина.