Хрватски новинар стана мета на потсмев поради своето известување од Израел. Станува збор за Петар Влахов од Хрватската радиотелевизија ХРТ. Има многу критики за него откако се појави со откопчан шлем, речиси легнат на земја додека известуваше од Тел Авив во дневникот на ХРТ. Сепак, во позадината можеа да се видат две жени кои стојат до автомобил и безгрижно гледаат нешто на своите мобилни телефони.

Јутарни Лист забележува дека Влахов „носеше откопчан шлем без панцир, додека другите репортери во Израел носат син панцир со натпис ПРЕСС и сина кацига – бидејќи новинарите во воените зони мора да бидат обележани“.

Новинарот во вклучувањето тврдел дека непосредно пред тоа бил сведок на ракетен напад на Хамас. Рекол дека заедно со останатите од екипата виделе неколку ракети морале да излезат од автомобилот. Дел од хрватските граѓани со доза на сакразам му пишале на новинарот дека има храброст.

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа загинаа седум новинари, а беа ранети десетина.