Младиот спортист Андреј Трајчов, кој е член на боречкиот клуб Балканец од Штип е вистински херој, кој во големата трагедија која се случи во Кочани, успеал од дискотеката да ги спаси своите другари, напиша штипјанецот Тони Горгиев на социјални мрежи, притоа сподели фотографија со младиот спортист.

18-годишниот спортист од Штип сонува еден ден да биде пожарникар, како што вели Горгиев.

„Покрај мене е славниот спортист, борач кој што сонува еден ден да стане пожарникар. Овој млад дечко со храбро јуначко срце, без страв и колебање, себорел со пламенот во кочанската дискотека спасувајќи ги животот на своите другари. Браво момче, ретки се луѓето како тебе! Верувам дека еден ден ќе работиж како пожарникар, една од најхуманите работи и достојано ќе ме замениш. Она што го посакуваш искрено од срце, еден ден ќе ти се исполни“, напиша на социјални мрежи Тони Горгиев, пожарникар од Штип.

Во големата трагедија која се случи во Кочани животот го загубија 59 лица, а голем број лица се хоспитализирани во болниците во Македонија, но и во странство.

Loading...

Loading...