Четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска е киднапирана и убиена на 27-ми ноември во Скопје, а сите осомничени се фатени. Но, и покрај бројните информации, официјални и неофицијални, многу детали од овој брутален злочин и понатаму се мистерија: Пет прашања се издвојуваат, пишува хрватскиот весник Јутарњи лист.

1. Која била улогата на таткото?

Таткото на Вања, Александар, е уапсен поради сомнение дека намерно или ненамерно учествувал во киднапирањето на ќерка си. Според досегашните информации, сигурно на киднаперите им дојавил кога Вања ќе тргне на училиште и дали ќе биде сама, а бил во контакт со водачот на криминалната група Љупчо Палевски – Палчо. Уште не се знае дали знаел дека се планира грабнување, дали свесно ги дал информациите, како ни тоа дали знаел дека ќерка му е убиена.

2. Зошто не е побаран откуп?

Според темелите од истрагата, полицијата верува дека киднапирањето е организирано со цел од мајката на Вања како откупнина да се извлечат голема количина на пари. Но, останува нејасно, зошто бандата која брутално ја грабнала, врзала и сместила Вања во автомобилски багажник, не ѝ се јавила на мајка ѝ за да побараат откуп, туку ја убиле девојката.

3. Дали на киднаперите некако им се изјаловил планот?

Четиринаесет годишната девојка е убиена со куршуми од огнено оружје, според првите информации, неполни три часа откако е киднапирана. Еден од осомничените наводно изјавил дека „нешто тргнало наопаку“, но не е познато што можело да доведе до промена на планот. Важно е и да се истакне дека не се работи за професионални криминалци, така што е навистина можно да испаничиле, доколку на пример, девојчето се обидело да избега.

4. Каква е врската со убиениот фризер?

Подоцна се покажа дека нивните убиства се индиректно поврзани, односно за двата злочина се осомничени истите луѓе, но ќерката на убиениот Панче Жежовски тврди дека нејзиниот татко не ја познавал Вања. Македонската полиција, трагајќи по исчезнатата тинејџерка, го пронашла и телото на 74 годишниот фризер.

5. Дали убиецот имал помагачи?

Полицијата како главен организатор на језивиот злочин го идентификува Љупчо Палевски- Плачо, контроверзен десничарски политичар кој во Македонија ја има проруската партија ДЕСНА. За разлика од останатите осомничени, Палчо е единствениот кој успеа да побегне пред да биде распишана потерница по него, а уапсен е синоќа во Труција.

Извор: Јутарњи Лист