Блогерката Наташа Ковачевиќ од Црна Гора ја спушти маицата и го доеше своето бебе во црква. Многумина се згрозиле од ваквата постапка.

Доењето во јавност е голема тема за која често се зборува. И додека се повеќе жени се залагаат за нормализирање на ова сосема природно дејство, многумина се прашуваат каде се границите. И еден твит повторно започна се.

Имено, блогерката Наташа Ковачевиќ често ги споделуваше своите фотографии од доењето на јавни места, а неодамна се појави и твит преку кој доби доста навредливи коментари.

„О неименувана Божја жено, врати се во своето племе, кого и што воопшто прозиваш, со толку доење и толку споделување на интимата би морала да замолчиш пред сите и засекогаш“, гласи текстот на Х.

Во коментарите подолу многумина се согласија, но имаше и такви кои го бранеа слободниот однос на Наташа, а мислењата беа поделени.

„Дали таа го дои детето во црква?

„Дали го дои детето во црква?“, „Ама „секоја чест“ за покажаните гради во црквата“. Каква тивка побуна“, „Најприродната работа на светот, доењето. Колку пуританци и воајери, но вистината е убава жена“, „Како инфлуенсерка и промоторка на доењето, очекувавте ли да му стави шише во устата на детето, не знам што конкретно ви смета, начинот на кој таа дои не го нарушува јавниот ред и мир на јавно место“, се само дел од бројните коментари.

Наташа не еднаш зборувала за доењето, а еве што напишала под сликата на која дои дете во црква:

„Интересно е што на попот не му пречеше доењето пред сите. Господ ми ги даде, дојдов кај него да се молам да ги заштити. Мајчината љубов е најблиску до Божјата. Безусловна. Моето дете не мора да биде доктор или пилот за да го сакам повеќе од се на светот. Тој не мора да биде стрејт, не мора да го поддржува мојот омилен клуб, не мора да слуша музика за која мислам дека е кул. И доколку не биде – сепак ќе го сакам најмногу на светот. Повеќе од очите. Повеќе од мајка. Повеќе од Бога. Доброто е единствениот пат до Бога. И најмоќната сила на светот. И во овие лоши времиња, борбата за превласт на доброто е должност на секој чесен човек“.