16 годишна ученичка била жртва на сексуално вознемирување во Амалијада во западна Грција од страна на 90-годишен маж.
Според грчките медиуми, повозрасниот маж не губел време кога ја видел 16-годишната на улица и ѝ пришол. Ја стигнал поставувајќи и различни прашања, а потоа ја фатил за рака и ѝ давал неморални предлози.
Девојчето се исплашило и веднаш се оддалечило известувајќи ги родителите кои повикале полиција. По кратко време полицијата го уапсила старецот.
90-годишникот вчера беше спроведен во обвинителството во Амалијада каде ќе му се суди.