Ралф Шумахер и неговото момче Етјен Буске-Касањ уживаат во провод. Папараците ги „уловиле“ додека разменувале бакнежи на јахта во Сен Тропе.
На ова патување им се придружија и синот на Ралф, Дејвид и неговата девојка Вивиен. Дејвид претходно изјави дека е многу среќен што неговиот татко конечно нашол некој со кого се чувствува сигурно.
Странските медиуми објавија дека Ралф и Етјен се во врска две години. Поранешната сопруга на Ралф, Кора Шумахер, одамна го запознала Етјен и тие се во добри односи.
“Минатиот април Ралф не покани во неговата вила во Сен Тропе. Таму Кора и јас го запознавме Етјен. Си поминавме одлично”, изјави нејзината пријателка за магазинот “Билд”.
Германската актерка Кармен Гајс е блиска пријателка на овој пар. Таа неодамна откри дека тие двајца одлично се согласуваат.
“Тие се запознале во Монако. Ралф живее во Салцбург со својот син, а Етјен живее во Ница, но често се заедно”, рекла таа и додала дека се исклучително среќни и никогаш не се расправале. Кармен изјавила и дека таа и нејзиниот сопруг Роберт често ги посетуваат двајцата.
“Роберт и јас сме многу среќни за нив. Конечно сите знаат. Прекрасно е што овие двајца сега ја живеат својата љубов”, рекла таа.